Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави кои селекции ќе бидат сместени во првиот „шешир“ за ждрепката за Мундијалот во Русија кој ќе се игра од 14 јуни до 15 јули 2018 година.
Репрезентации кои ќе бидат во првиот „шешир“: Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.
Ждрепката за Светското првенство ќе биде на 1 декември оваа година во Москва.
Изгледот на другите „шешири“ ќе биде познат по завршувањето на баражите на баражите.