Демократски сојуз: Фер и слободни избори

Од:

„Демократскиот сојуз оценува дека вчерашните локални избори беа демократски, фер и пред се слободни, без насилство, притисоци, клиентелизам, фалсификати или било какво кршење на изборниот процес.

На овие избори победија граѓаните кои излегоа на гласање и слободно ја искажаа својата цврста решеност и определба за промени и реформи, при што мнозинството ги поддржаа политиките на Владата на Република Македонија, за еднаквост на сите граѓани, правда и ефикасна борба против криминалот, разрешување на отворените прашања со соседите и деблокирање на процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во Европската унија.

Победата на кандидатите за градоначалници и советници на Коалицијата предводена од СДСМ е чиста како солза и најмалку што треба раководството на ВМРО ДПМНЕ да направи е да ги признае резултатите и да ги поддржи реформските процеси во државата“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори