Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб, претпладне умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од два до 10 степени, а максималната од 20 до 26 степени.
Во Скопје сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец.
