ДИК: Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како на и затворениците без проблеми

Од:

Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како и на затворениците во казнено поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучевска.

Гласачките места се отворени во 7 часот утрото и гласањето ќе трае до 19 часот.

На ден пред изборите се гласа во 13 казнено-поравни установи каде право на глас имаат 1.882 избирачи. Своето гласачко право денеска ќе го искористат 5.025 болни и изнемоштени лица, како и лица во куќен притвор. Денеска гласаат и девет внатрешно раселени лица.

ДИК ќе излезе со бројка за текот на денешното гласање по 19 часот.

Локалните избори утре ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 избирачи кои можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за советници.

Гугучевска инстакна дека има интерес за набљудување на изборите и оти ДИК има издадено акредитации на 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, 294 преведувачи и шест странски новинари.

Гласањето на утрешните избори, согласно изборниот законик и упатството за гласање, ќе се врши со заокружување на ливчето со пенкало со сина боја.

Државната изборна комисија првата прес-конференција утре на денот на изборите ќе ја одржи во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7

До 17 часот излезеноста e 39,61 отсто

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски