Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 23 степени.
Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури, кои од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.
