Заев од Струга: Светот оди напред, ајде да се отвориме и да донесеме нови работни места за младите

Од:

Продолжуваме заедно, сплотени да испишуваме модерна историја во нашата мултиетничка Македонија. Верувам во градење пријателство и во едно општество за сите, повика вечерва на митингот во Струга претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Светот оди напред, ајде да се отвориме. Тоа е патриотизам – да донесеме нови работни места за младите.

Модерниот свет под патриотизам подразбира нови работни места, развој на спортот, театарски претстави… Ајде да покажеме што е вистински патриотизам, обединети, заедно, живот во Струга, живот во Република Македонија, повика претседателот Заев.

Тој најави решавање на клучните прашања за граѓаните во овој регион.

-Да ја решиме трајно депонијата. Нема туризам без екологија. Нема поважно од здравјето на граѓаните, рече претседателот Заев.

-Цела Европа и модерниот свет сака да ни помогне. Македонија ќе биде 30.земја членка на НАТО и ќе се тргне условеноста на препораката и ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Иднината ни е само заедно и сплотени, заокружете го бројот 19 на изборите во недела, порача претседателот Зоран Заев вечерва во Струга.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ