ВМРО-ДПМНЕ: Наводите на Бошњаковски се неточни

Од:

„Паѓаат во вода и последните очајни обиди на СДС со лаги и манипулации да се обиде да добие поен плус кај гласачите. Се што е направено е превземено согласно закон, за што е донесена и одлука на влада, и има позитивно мислење од законодството на владата на РМ.

Граѓаните видоа дека СДС за четири ипол месеци не направи ништо во насока на подобрување на нивниот живот, а се што прави е во насока на зголемување на своите лични сметки.

Наводите изнесени од страна на Владо Бошњаковски се целосно неточни и претставуваат крајно тенденциозен обид во очи на изборите да се манипулираат граѓаните. Тоа е очаен потег на очајни луѓе.

Според логиката на СДС, на Роберт Поповски, Цацко, Марјан Забрчанец, Зоран Бојаровски, Бојан Мричиќ, Петри Сарачини и Дарко Лешоски можат да му бидат советници и истите да бидат плаќани илјадници евра од парите на граѓаните, а Груевски не смее да има тројца советници кои донесоа нови 10.000 работни места. Додека скапо платената плејада на демаскирани граѓански активисти на Заев од државниот буџет цедат илјадници евра, без притоа државата да има реален бенефит од тоа. Ни самиот Бошњаковски не верува во тоа што го зборува и по одразот на лицето му се познава дека се што зборува го зборува под невиден притисок и диктат.

Скапо платените лаги на СДС со парите на граѓаните, не поминуваат веќе. Граѓаните ќе му кажат не на СДС на претстојните локални избори на 15 октомври“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски