Даути: Можеме да победиме и да ги решиме проблемите во Тетово

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од ДПА, Бардиљ Даути вечерва истакна дека неговата победа на претстојните локални избори ќе биде победа за сите жители на градот.

– Заедно можеме да победиме и да ги разрешиме постојните проблеми. Нашата програма има 15 приоритетни точки меѓу кои се транспарентност и отчетност, засилување на локалниот економски развој, развој на градот со посебен осврт на главните градски булевари, ефикасен јавен транспорт, развој на туризмот и рурален развој, рече Даути на митингот во дворот од ОУ „Братство Мигени“.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи посочи во изминатите години, како што рече, додека ДУИ беше во централната и локалната власт во Тетово, градот беше многу уназаден и без културни активности.

– Ние со нашите кандидати и тука и во останатите општини во Македонија покажуваме дека сме политичка академија за кадри на Албанците во државата и оти можеме да ги решавме проблемите на граѓаните, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа