Тарчуловски најави десетина инфраструктурни проекти за Пржино и Црниче

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Јохан Тарчуловски денеска ги презентираше проектите предвидени во неговата програма за населениете места Пржино и Црниче.

– Веднаш по изборите ќе се отпочне со изведба на атмосферска канализација на 15 улици во населбата Пржино. За реализација на овие проекти веќе се обезбедни финансиски средства од Светската Банка во висина од 110 милиони денари. Исто така, планирана е и реконструкција на улици во населбата Црниче, меѓу кои и Банско, Рилски конгрес, Ениџе Вардарска, Серска, Чедомир Кантарџиев и Неврокопска. На дел од овие улици предвидена е и изградба и реконструкција на тротоарите со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците, како и реконструкција на скалите на улицата Рилски конгрес, рече Тарчуловски.

Тој најави и изградба на спортскиот комплекс Славија во населбата Пржино по пат на јавно-приватно партнерство. Според програмата, рече, предвидено е носење на детални урбанистички планови за одредени делови од Црниче и Пржино, изградба на детски и пензионерски катчиња во парковите и продолжување со легализација на бесправно изградените објекти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ