(ВИДЕО) Жбогар: Изборите се можност да се одреди идниот развој на општините

Од:

Локалните избори на 15 октомври се можност за вас граѓаните да ги изразите вашите гледишта за правецот во кој вашите општини треба да се движат во иднина, порачува шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија амбасадорот Самуел Жбогар во пораката упатена преку неговиот твитер профил спроти одржувањето на изборите.

– Ги повикуваме политичките лидери и членовите на партиите да ги спроведат изборите без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности пред, за време на и по изборите. Ние сметаме на државните институции како што е полицијата, независните институции како ДИК, како и граѓанското општество да го исполнат својот дел од одговорноста за одржување демократски, слободни и фер избори, вели евроамбасадорот Жбогар.

Тој, воедно, додава дека е важен секој глас.

– И на крајот секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Би можело да ве интересира

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Мицкоски:Очекуваме голема победа на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он