(ВИДЕО) Весковски: Како е можно земјиште во еден од најатрактивните делови од Карпош да биде оттуѓено за само 11 илјади евра?

Од:

Носителот на листата за советници од коалицијата предводена од СДСМ за општина Карпош, Душко Весковски денеска на прес-конференција презентираше документи за отуѓено земјиште по цена од 11 илјади евра, а истото тоа земјиште по два месеци било продадено за 600 илјади евра.

„За три дена заминува криминалната власт на Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.

Денеска презентираме како е оттуѓено градежно земјиште, во сопственост на Република Македонија, а претставувано од градоначалникот Стевчо Јакимовски, со непосредна спогодба, склучена на 29.01.2016 година во Скопје.

Имено, градежното земјиште со вкупна површина од 1.533м2 е продадено за 671.454 денари (речиси 11 илјади евра) на друштвото за производство, трговија и услуги ГРОМ ПРОМЕТ ДОЕЛ.
Го прашуваме Јакимовски, како оттуѓил државно земјиште за багателна цена слично како неговиот коалиционен партнер Груевски?

Само 2 месеци подоцна по оттуѓувањето, истото земјиште заедно со легализираните објекти застапувано од ГРОМ ПРОМЕТ ДООЕЛ е продадено на фирмата Друштво за градежништво, инженеринг производство и трговија на големо и мало ДАБАР ДООЕЛ по цена од 36.900.000 денари или 600 илјади евра.

Прашуваме како е можно земјиште во еден од најатрактивните делови во Карпош (непосредно до ресторанот Имес) да биде оттуѓено за скоро 11 илјади евра, а само 2 месеци подоцна истото земјиште заедно со неколку легализирани објекти да биде продадено за 600 илјади евра?

Ги повикуваме надлежните органи сериозно да пристапат кон овој случај и оваа сомнителна зделка! Одговорност мора да има!

Гласот за Стевчо Јакимовски е глас за продолжување на криминалот во Карпош!
На 15-ти октомври ставаме крај на расипничкото и неодговорно владеење во општината“ рече Душко Весковски, носител на кандидатската листа за советници од коалицијата преводена од СДСМ за Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните