(ВИДЕО) Гаврилов: Недостасуваат 34.598 учебници низ цела држава, во скоро сите основни училишта

Од:

„Поминаа 6 дена откако се објави дека нема учебници во голем број на основни училишта низ државата, а министерството за образование и владата немаат одговор за овој скандалозен пропуст.

Ниту МОН ниту владата на Заев не превземаат одговорност зошто голем број на ученици немаат од што да учат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Ова зад мене е Основното училиште „Братство“ во Карпош. Учениците во ова училиште се оставени без учебници од неодговорната власт на СДС. Во ова училиште недостасуваат вкупно 972 учебници.

Новата учебна година не почна еднакво за сите ученици во Република Македонија. Уште во првата година откако СДС е на власт ја покажа целата своја неодговорност и негрижа за граѓаните и идните генерации.

Недостасуваат 34.598 учебници низ цела држава, во скоро сите основни училишта.

Недозволиво е по 40 дена од стартот на новата учебна година да недостасуваат огромен број на учебници. Од тие учебници, учениците треба да следат настава, да учат и да бидат оценувани.

За овој пропуст мора да постои одговорност! Надлежните мора да одговараат!

СДС секој ден се повеќе покажува дека не се грижи за децата и нивната иднина. Ветуваа подобри услови за учениците, а се што направија во образованието беше укинувања, кратење и блокирање

Наместо да издвојат пари за учебници, тие издвојуваат за луксузирање со морски плодови, апетисани и алкохолни пијалоци.

Ваквото безобразно однесување мора да запре. На 15-ти октомври граѓаните ќе стават крај на неодговорното однесување на СДС и ќе ги казнат за сите нивни лаги и празни ветувања“, изјави Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ