Груевски: Предвидуваме ослободување или намалување на комуналиите за надградба на кат на постоечка куќа

Од:

Новата ера ќе донесе 150 илјади нови работни места во Македонија во наредната декада и пад на невработеноста под 10 проценти, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на митингот во Делчево.

– Кога можевме да ја намалиме од без малку 40 проценти на 22,6 проценти, како што можевме во минатата декада да ја зголемиме вработеноста од 560 илјади вработени на 733 илјади, значи бројот на вработени се зголеми за 173 илјади нови работни места, ќе можеме и наредната декада да ја смалиме невработеноста од 22 на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места. Нова ера на 2,5 пати повисок приход по жител, односно од пет на 12 илјади долари просечно по глава на жител. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции, истакна Груевски.

Од Делчево тој најави два нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

– Стекнување сопствен дом, кој е значаен посебно за младите семејства. Втората компонента на овој проект се однесува за надградба на постоечките куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналиите да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред делчевци рече дека предвидуваат отпис на долгови за социјално загрозените семејства.

– Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09.2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, изјави Груевски.

Пред присутните на митингот се обрати и кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов.

– Јас најодговорно стојам пред вас со големо ветување дека се што е започнато ќе биде завршено во овој мандат, но исто така и многу нови работи ќе започнеме. Додека сум градоначалник на Делчево, никогаш нема да дозволам на само два-три километри од центарот на Делчево, лугѓето да газат во кал, нема да дозволам една улична светилка да не свети, нема да дозволам планинските патишта да бидат непробиени, нема да дозволам депонии на патиштата…, изјави Соколов.

На митингот беа претставени и кандидатите за советници во општинскиот совет, а свое обраќање имаше и носителот на листата Сашко Ивановски.

Митингот во Делчево започна со едноминуто молчење поради несреќата во која вчера пред Делчево загина тричлено младо семејство.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средби со граѓани во Македонска Каменица и Пехчево и одржа митинг во Берово.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто