(ВИДЕО) Заев: Крушево кај ти се младите? Приклучете се, режимот завршува – носиме живот за сите

Од:

Крушево кај ти се младите, кај ти е детскиот џагор, кај се кројачите, казанџиите, локумџиите. Режимот завршува во Крушево, приклучете се, носиме живот за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Крушево.

– Ви ветувам, правда ќе има во Македонија, додаде Заев.

– Да изградиме инфраструктура и овде да чуваме деца и да растеме внуци. Да создадеме вистински развој на Крушево и поврзување со селата. Не влече Крушево и по зимата и по Тоше, да го вратиме животот во градот, дополни Заев.

Тој ги повика младите да останат во градот затоа што ќе имаат иднина преку младинската гаранција и за дошколување и за нови работни места.

-Само со чесни политичари, здружени, единствени Македонија ќе ни оди напред. Да изградиме европско Крушево во европска Македонија, повика лидерот на СДСМ вечерва во Крушево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага