Анализа: Кина им се приближува на САД по државните донации и јакнење влијание за свои интереси

Од:

Кина и се приближува на САД по износот на државни донации и заеми на држави во развој иако најголем дел од финансирањата на Пекинг се за негови сопствени интереси, а малку придонесува за примателите, се вели во извештај на мултинационална група истражувачи.

Студијата на групата Ејддејта (АidData) од амриканскиот колеџ Вилијам и Мери, досега е најголем обид да се измери официјално финансирањето од Кина, кои малку објавуваат детали за помошта што ја даваат.

За 15 години до 2014 година во Африка, Азија и други места, Кина позајмила 354,4 милијарди долари, а САД – 394,6 милјарди, наведуваат од Ејддејта.

– Би можело сега да се каже дека САД и Кина се ривали по финансиски трансфери во други држави, вели Бредли Паркс, извршен директор на Ејдејта.

Следењето на кинеското финансирање се зголеми откако Пекинг промовираше своја иницијатива „Еден појас еден пат“ со најавена вредност од повеќе милијарди долари, а неменета за ширење на врските на Кина со други држави со изградба на проистаништа, патишта и друга инфраструктура.

Околу 23 отсто од кинеската „потрошувачка“ одговара на дефиницијата помош или „официјална помош за развој“ како што ја гледа Организацијата за економска соработка и развој, што бара најмалку 25 отсто помош да биде во вид на подарок.

Во споредба со тоа, 93 отсто од американската помош е квалификувана како – развојна помош.

– Изгледа дека најголем дел од кинеското финансирање е во вид на извозни кредити и други мерки чија цел е да се засили кинескиот извоз и други извори што дало само мал мерлив раст на економиите во државите кои добиваат таква кинеска помош, вели Паркс.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција