Холандија со 2-0 славеше вечерва против селекцијата за Шведска во борбата за второто место во групата А, меѓутоа сепак тоа беше недоволно, со оглед на полошата гол разлика.
Од таа група, Франција со 23 освоени поени обезбедува директен пласман во Русија, додека Шведска ќе се бори за билет преку баражот.
Во групата Б, Португалија вечерва со 2-0 славеше против Швајцарија со што изби на првата позиција со 27 поени и гол разлика +28, додека Швајцарците имаат исто поени, но гол разлика од +16, па ќе играат во баражот, како убедливо најдобра третопласирана екипа.
Од групата Х директно пласман за Светското првенство избори Белгија со 28 освоени поени, а Грција со 19 заврши втора и обезбеди место во баражот.
Овие репрезентации се приклучуваат на веќепласираните Германија, Србија, Полска, Англија, Шпанија, Исланд и Русија кои се веќе пласнирани на Светското првенство од Европа.
А бараж за пласман во Русија ќе играат веќе споменатите Шведска, Швајцарија и Грција, како и Северна Ирска, Република Ирска, Данска, Италија и Хрватска.