Груевски: Ние размислуваме 10 години однапред

Од:

Се приближуваме до 15 октомври, а Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори. Вие го имате последниот збор и вашата одлука е многу важна зашто одлучувате за заедничката иднина на нашите градови и за иднината на нашата држава, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Гази Баба.

Тој истакна дека остануваат само уште неколку дена до моментот на одлучување од кој, како што кажа, ќе зависи по кој пат ќе тргне Македонија.

– Ние размислуваме 10 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите. Ние ја нудиме новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом, рече Груевски.

Тој вети и 2,5 пати повисок приход по жител, но и 2,5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, водоводи, болници, канализации, училишта, улици, паркови.

– Ветуваме нова ера на најниски даноци, поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која во секоја општина во државата, вклучително и во Гази Баба учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште, потенцира Груевски.

Посочи дека во изминатите години значително ја намалиле невработеноста во општина Гази Баба.

-Во Гази Баба бројот на вработени во 2006 година, беше 7.429, а на крај на 2016, 15.430, тоа е повеќе од двојно. А невработеноста во општина Гази Баба во рок од 11 години ја намаливме за 54 проценти. Во изминатите четири години инвестиравме големи средства за асфалтирање и изградба на улици, тампонирање на локални улици, реконструкција на патни правци и изградба на кружни текови, нагласи Груевски и додаде дека се реализирани 86 проекти со вкупна должина од преку 90 километри низ сите населени места во општината.

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, порача дека граѓаните лесно ќе направат избор, бидејќи ќе се сетат, како што рече, кој досега стоеше на ветениот збор, кој градеше и реализираше дела, а кој лажеше.

– Изминативе четири години заедно со вас реализиравме повеќе проекти во секое населено место и во секоја населба отколку што претходно беа реализирани во изминатите 17 години, рече Трајковски.

Потсети дека во неговиот мандат се изгради основното училиште „Глигор Прличев“, новата детска градинка „Морковче“, дека се асфалтирани над 90 улици во должина од повеќе од 40 километри и тампонирани улици во должина од 60 километри, изграден е простор за паркирање со површина од шест илјади метри квадратни, 30 километри фекални и атмосферски канализации, повеќе од 10 километри водоводни мрежи, повеќе од 16 километри пешачки и велосипедски патеки, ..

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски