Кошаркарите на битолски Пелистер со победа пред своите навивачи ја почнаа новата сезона во Првата лига. Избраниците на тренерот Зоран Петковски попладнево ја совладаа екипата на Шкупи, новиот прволигаш со 80:73. Резултат по четвртини: 21:22; 16:15; 19:16 и 24:20.
По изедначеното прво полувреме (37:37) битолчани го искористија домашниот терен и во вториот дел го „скршија“ отпорот на противникот. Капитенот на Пелистер Ѓорѓи Анакиевски со 39 поени беше најефикасен на натпреварот.
На претходно одиграните дуели од првото коло: Куманово – Работнички 88:91 (по продолжение), Струмица – Охрид 76:90 и Кожув – Блокотехна 56:99.
Утре се игра дуелот Фени Индустри – Гостивар, додека дербито меѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи се игра во четврток.