Со двата гола на Тим Кејхил фудбалската репрезентација на Австралија успеа денеска да ја совлада Сирија со 2:1 во реванш баражот од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 од азиската зона.
На првиот натпревар беше 1:1 и Австралија со резултат од 3:2 се избори за нов бараж дуел против четвртопласираната селекција од КОНКАКАФ зоната.
На денешниот дуел Сирија поведе со голот на Ал Сома во шестата минута, а Кејхил првиот гол го постигна во 13.минута. По 90 минути резултатот беше 1:1, идентичен како на првиот дуел. Во продолжението Кејхил во 109.минута го постигна вториот гол за триумф на својата селекција.
Која репрезентација ќе биде противник на Австралија ќе биде познато вечерва по одигрувањето на дуелите од 10.коло од КОНКАКАФ зоната.
Бараж натпреварите ќе се играат на од 6 до 14 ноември.