Шилегов: Градиме нов пешачки мост на Вардар, Скопје ќе биде град што поврзува

Од:

Освен централната власт, да ги ослободиме и општините од досегашниот режим на Никола Груевски и да завршиме со нетранспарентното, коруптивно и криминално владеење во Република Македонија, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

Придружуван од кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Златко Марин, Шилегов укажа на потребата од изградба на пешачки мост за жителите на Керамидница за да имаат, како што рече, подобра комуникација со останатиот дел од градот.

– Тоа е предвидено во нашата програма, тоа е утврдено во потребите на граѓаните и тоа е нешто што во текот на мојот мандат ќе биде изградено како би им излегле во пресрет на тие потреби на граѓаните. Бидејќи за нас е клучно заедно со тимот кој го предводам, да разговарам со луѓето, да ги разбереме нивните проблеми, тие проблеми кои што се наталожени, еден по еден да ги решаваме, истакна Шилегов.

Тој повтори дека е неопходно во Скопје и останатите општини, локалната самоуправа да работи во интерес на граѓаните, да го слуша нивното мислење, размислување и потреби, како и да дозволи да партиципираат во носењето на одлуките.

– Ни требаат општини кои ги поврзуваат граѓаните, функционални и ефикасни, што работат и градат по план, што работат и градат модерни и квалитетни, улици и други инфраструктурни решенија, дигитализирани и паметни системи на јавни услуги, јавен превоз кој функционира, кој е брз, ефикасен и безбеден, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он