Министерството за финансии денеска соопшти дека исплатата на минималната плата во јавниот сектор се врши согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници.
– Во насока на точно информирање на јавноста, Министерството за финансии истакнува дека во однос на исплатата на минималната плата во јавниот сектор ќе ги почитува законите и прописите. Во однос на минималната плата исплатите се вршат согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници. Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие истата ја исплаќаат согласно предвиденото со закон, се наведува во соопштението.
Согласно законските измени од овој месец почна исплатата на минималната плата во висина од 12.000 денари.