Ахмети и Дехари на средби со граѓани во општина Кичево

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети, придружен од градоначалникот на Кичево, г.Фатмир Дехари, шефот на Штабот, г.Адем Карага, портпаролот г.Фатмир Лимани и носителот на листите за советници, г.Аќиф Мехдиу, ќе остваруваат средби со граѓани и различни групи на интереси во општина Кичево.

„Пораката која ја праќаат кичевчани е дека Кичево не обединува сите нас, нè обврзува и нè повикува на 15-ти октомври, граѓаните масовно да излезат на гласање и заедно да ја прославиме оваа историска победа во Кичево. Обединето Кичево е во интерес на градот, стабилноста и мултиетничкиот карактер на оваа општина.

Ги повикуваме сите граѓани на Кичево, особено дијаспората во недела масовно да гласаат и да ја запечатиме победата на Демократската Унија за Интеграција. Нема да биде доволно само гласот за Фатмир Дехари, туку да гласаме и за Листата на Демократската Унија за Интеграција предводена од д-р Аќиф Мехдиу.

Да гласаме за иднината на градот. Овој пат, ова не е партиска одлука или одлука за поединци. Ова е “битка” и основна потреба за функционирање на општината и општинската администрација. Во недела, гласањето во Кичево не е само глас за кичевчани, туку е процес на сите граѓани за обединета и напредна општина. На 15-ти октомври гласањето треба да се одразува исто како и пред четири години, кога обединети, граѓаните го добија раководството на општината“, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче