Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино смета дека Меси не е најдобар играч на сите времиња.
– Исклучителен фудбалер, уникатен, но се уште нема освоено Светско првенство. Постојат многу како него, кои сепак никогаш не триумфирале на Мундијалот. Тоа е она што го прави Диего Марадона посебен. Тој ја предводеше Аргентина и клубовите во кои настапувал до значајни трофеи, изјави првиот човек на ФИФА.
Меси најпрво ќе треба со Аргентина да обезбеди учество на Мундијалот во Русија 2018 година, а потоа да се обиде да докаже дека сепак нема многу фудбалери како него.