Како и при минатонеделното рангирање, така и овојпат, најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи напредок на најновата АТП ранг-листи.
Иако минатата седмица Јотовски немаше настап, сепак тој напредуваше за една позиција на АТП листата. Сега 26-годишниот Јотовски е рангиран на 579-тото место, што е за една позиција подобро од минатонеделното рангирање.
Што се однесува на „Топ 10“, таму има три промени. Давид Гофин го потисна Пабло Карено Буста од 10-тото на 11.место, а промена на позициите направија и Стан Вавринка и Григор Димитров, па сега Швајцарецот е осми, а бугарскиот тенисер деветто рангиран.
На првите седум позиции нема промени, Рафаел Надал е лидер пред Рожер Федерар и Енди Мареј, по кои следуваат: Александер Зверев, Марин Чилиќ,Новак Ѓоковиќ и Доминик Тием. ит/
нема промени, па и натаму на врвот е Рафаел Надал пред Роџер Федерер и Енди Мареј.
Кај дамите, единствено Јелена Остапенко направи прогрес од две позиции па сега Летонката е на осмото место, пред Кузњецова и Цибулкова. И натаму водечка на ВТА листата е Гарбине Мугуруза од Шпанија, пред Романката, Симона Халеп и Елена Витолина од Украина.