Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е победник на „Бовин Неготино опен“ што се играше изминативе денови на терените на Тенискиот клуб Неготино.

Тој во финалето вчера попладне, го совлада Стефан Мицов со 2-0, во сетови (6:3 и 7:6(1) во гемови).

– Одиграв добар меч. Го дадов својот максимум денес, за да победам. Честитки до организаторот на турнирот, се надевам ќе се видиме и наредната година, изјави Јотовски веднаш по мечот.

„Бовин Неготино опен” е турнир со долга традиција.

– Првиот турнир го организиравме во далечната 1994 година. Оттогаш наваму, успеавме да изградиме една долга традиција и еве оваа година да ги собереме дел од најдобрите македонски играчи. На турнирот настапија 49 играчи од цела Македонија, изјави Ванчо Лазов, претседател на ТК Неготино.

Би можело да ве интересира

Тенисерот Јотовски го предаде полуфиналето во Кисељак

Успешен старт за Јотовски на фјучрсот во БиХ

Ана Ололовска

Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија

Наум Локоски

Јотовски стартуваше со победа во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Наум Локоски

Јотовски без проблем ги мина квалификациите во Хамамет

Наум Локоски

Јотовски напредуваше три места, Ѓорческа падна за две

Наум Локоски