Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Истанбул

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари втората победа и се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Истанбул, Турција.

Ѓорческа во второто коло по три часа и 33 минути игра ја совлада домашната тенисерка Илај Јорук.

Македонска тенисерка победи со 7:6, 5:7, 7:5 по сетови, обезбедувајќи место меѓу најдобрите осум на турнирот во поединечна конкуренција.

Ѓорческа утре во четвртфиналето ќе се соочи со руската тенисерка Дарија Кружкова.

Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Би можело да ве интересира

Ѓорческа поразена во второто коло во Подгорица

Наум Локоски

Јотовски напредуваше три места, Ѓорческа падна за две

Наум Локоски

Јотовски напредуваши три места, а Ѓорческа со нов пад за две места

Наум Локоски

Ѓорческа со пад од 16 места, Јотовски напредуваше три позиции

Наум Локоски

Победа за Јотовски во двојки, Ѓорческа предаде поради повреда

Наум Локоски

Ѓорческа не го мина првото квалификациско коло на УС Опен

Наум Локоски