МОК со нова инвестиција за развој на националниот спортски систем во борење

Од:

Македонскиот олимписки комитет (МОК) на барање на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), обезбеди и целосно финансиски ќе ја покрие едногодишната програма која е одобрена од Обединетото светско борење (UWW) и од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), наречена “Развој на националната спортска структура во борење.

Оваа програма ќе ја води истакнатиот светски експерт по борење Кирил Ватев од Бугарија. Тој со македонските тренери ќе работи во однос на подобрување на комбинираните технички карактеристики и активности во борењето, изградба и потенцирање на основните индивидуални карактеристики на борењето, на откривање, селекција, идентификација и привлекување на млади таленти во борењето, креирање и развој на Национална стратегија во борење, микро и макро планирање на тренажниот процес за борачи пионери, кадети, јуниори и сениори и многу други теми од интерес за соодветен и долготраен развој на борењето.

Оваа програма ќе биде и е отворена за сите борачи, борачки клубови и силни боречки имиња од минатото кои македонското борење ги имало во изминатиот период и кои сакат да придонесат борењето повторно да ги заземе врвните позиции на светско ниво, позиции кои треба да се заслужат со квалитетна и напорна долгорочна работа.

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска