Во Куманово првото бебе машко

Од:

Првото бебе во Новата 2013 година во Куманово е машко. Тешко е 3.900 килограми и долго 52 сантиметри. Тоа е прво дете на кумановката Стефанија Тасевска, родено во 5:15 часот утринава.

– И сопругот и останатите членови на семејството со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на новиот член на семејството, изјави мајката Тасевска, додавајќи дека за името сеуште чекаат на кумовите.

Градоначалникот Зоран Дамјановски на првороденото бебе во Новата 2013 година му подари златник.

– Ова е децениска активност на локалната власт и на овој начин му посакуваме добредојде на првото бебе во градот, истакна градоначалникот Дамјановски.

Новороденчето и мајката добија подароци и од директорот на болницата Ариф Латифи, кој истакна дека акушерското одделение веќе од минатата година е подновено со нова апаратура, а се очекува да пристигне и нова лапароскопија која освен на гинекологија ќе се применува и на хирургија и урологија.

Минатата 2012 година  во кумановската болница се родиле 1.700 бебиња, што е за 50 повеќе од 2011.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски