Репрезентативниот голман на Египет, Есам Ел Хадари кој има 45 години и 155 настапи за националниот тим има шанса да за запише во историјата на Светските првенства како најстар учесник.
Египет синоќа избори учество на СП 2018 во Русија и според најавите Ел Хадари ќе биде во составот на Мундијалот идната година.
Досегашниот рекорд го држи колумбискиот чувар на мрежа Фарид Мондрагодин кој во Бразил 2014 година бранеше со наполнети 43 години.