Агенцијата за млади и спорт ќе има свои претставници на деветтиот Светски фестивал на млади и студенти, кој од 22 октомври ќе се одржи во Москва.
На фестивалот во Москва, како што информираат од АМС, ќе бидат презентираат идеите и насоките на работата на Агенцијата посветена на младите и младинската политика, тргнувајќи од принципите на “Националната стратегија на млади 2016-2025”.
Фестивалот на млади се одвива на ниво на Меѓународни министерски ресурси задолжени за реализација на младинската политика и отвора простор за трансфер на знаења меѓу претставници од различни земји и размена на искуства за вклучување на младите во процесот на донесување одлуки и неформалното образование како начин за зајакнување на капацитетите и вештините кај младата популација.