Албанската полиција забрани влез на стадион за „Илирија Елита“

Од:

Албанската полиција и забрани на една група навивачи на националниот тим да присуствува на квалификацискиот натпревар за Светското фудбалско првенство закажан за вечер во Скадар против Италија.

Во полициското соопштение се вели дека за групата која се нарекува „Илирија Елита“ е забранет влез на стадионот поради проблемите направени во март на дуелот на двете репрезентации во Италија.

Италија победи со 2:0 на тој натпревар, а албанските навивачи во текот на мечот фрлаа факели на теренот.

Полицијата исто така соопшти дека презела дополнителни безбедносни мерки поради постоење на екстремисти и насилни поединци или групи.

Овие мерки вклучуваат засилени контроли на границите со Косово, Македонија и Црна Гора, како и дополнителна контрола на пристаништето на Драч и на аеродромот во Тирана.

Во соопштението на полицијата е наведено дека ќе биде спречен влезат во земјата на лица со тенденции на радикализам и екстремизам, но не е појаснето детално на што точно се мисли.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он