Демократски сојуз ги повика симпатизерите да гласаат за градоначалници и советници од коалицијата на СДСМ за да продолжат реформите

Од:

„Централниот совет на Демократскиот сојуз одржа седница на која се расправаше за изборната кампања и актуелнити политички состојби при што ги повикува граѓаните на Република Македонија да ги поддржат промените како битен предуслов за стабилизација на државата, воспоставување на систем на еднаква примена на законите и деблокада на евроатлантските процеси.

Промените се битни за да продолжат реформите и започне економски развој, отворање на нови работни места и подобрување на социјалната состојба на граѓаните.

Демократскиот сојуз ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници на Коалицијата предводена од СДСМ.

Изборната кампања се одвива во мирна атмосфера, без партиски притисоци и со толерантен вокабулар.

Демократскиот сојуз инсистира државните институции да ги преземат сите законски мерки за да се спречат било какви обиди за нарушување на изборниот процес и фалсификување на волјата на гласачите.

На денешната седница, Централниот совет на ДС, за Генерален секретар го избра м-р Глигор Стоименов, а за нови членови на Претседателството на ДС ги избра Атанас Стефанов адвокат од Кочани, м-р Верица Филиповска, м-р Миодраг Димов, м-р Дејан Богоевски и Дејан Наумовски.

За потпретседател на ДС е избрана м-р Весна Стоименовска“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ