(ВИДЕО) Трајановски: Предвидуваме целосна реконструкција на вториот дел од Градскиот Парк

Од:

Реконструкцијата на постоечките и подигнувањето на нови зелен површини и паркови во Скопје е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за наредните 4 години.
Во оваа област се предвидени многу проекти и многу нови паркови и зелени површини, а како еден од најголемите проекти е реконструкцијата на вториот дел од Градскиот парк.

Деталите за овој капитален проект денеска на прес-конференција ги соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, во присуство на повеќе кандидати со членови на советот на Скопје и носителот на советничката листа, Христијан Мицкоски.

– По скоро 50 години и за првпат од неговата изградба предвидуваме целосна реконструкција на вториот дел од Градскиот Парк, кој е на површина од над 4 хектари и ја претставува најголемата парковска површина во Скопје. Со овој проект е предвидено поставување на ново зеленило, хидрантска мрежа и осветлување, како и садење на нови 5.000 дрвја во овој дел од Градскиот Парк. Со овој мега проект ќе се изврши и обновување на постоечките мостови и патеки, ќе се исчистат езерцата и каналите, ќе се постави нова урбана опрема и реквизити за деца, како и нови јавни тоалети. Реализацијата на овој мега проект, поради неговата обемност и темелност, ќе се реализира во повеќе фази и ќе чини неколку милиони евра – кажа Трајановски.

За потсетување, изминативе неколку години ваква реконструкција беше извршена на првиот дел од Градскиот парк, кој доби потполно нов лик, каде се поставен нов систем за наводнување, урбана опрема во вид на нови клупи, корпи за отпадоци, реквизити за најмладите, редовно со одржуваат пешачките патеки со крупен песок, а беа целосно исчистени и бетонирани и двете езерца спроти националната арена „Филип Втори“.

Трајановски напомена дека изминативе 8 години во Скопје се подигнати над 350.000 метри квадратни нови паркови и зелени површини, а како најголеми ги издвои новиот парк во Аеродром долж бул. АСНОМ, новиот парк Македонија во Карпош и други. Во наредните 4 години предвидени се подигнување на над 500.000 метри квадратни нови зеленило и паркови.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст