Убедливи победи за Шведска и за Естонија во квалификациите за СП 2018

Од:

Фудбалските репрезентации на Шведска и на Естонија постигнаа убедливи победи на денешните дуели од 9.коло од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018. Шведска пред своите навивачи во натпревар од А групата го совлада Луксембург со 8:0, а јунак на дуелот беше Маркус Берг, кој постигна четири голови.

Естонија очекувано со 6:0 како гостин го победи Гибралтар во рамки на дуел од Х групата. Во оваа група се одигра и најефикасниот натпревар БиХ – Белгија 3:4. Селекцијата на Белгија е веќе првопласирана во групата со обезбеден пласман на СП во Русија.

Од четирите натпревари кои завршија без голови беше само дуелот од група Б меѓу Фарски острови и Летонија.

Вечерва во терминот од 20:45 часот се играат натпреварите: Белорусија – Холандија, Бугарија – Франција (А група), Андора – Португалија, Швајцарија – Унгарија (Б група) и Кипар – Грција (Х група).

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он