Поддршка од Бошковски за кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип, Бочварски

Од:

Лидерот на Обединити за Македонија, Љубе Бошковски денеска имаше средба со членството и граѓаните во Штип, но истовремено му даде поддршка и на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски, бидејќи како што рече тој Бочварски е човек без дамка.

-Ние како Обидинети за Македонија веруваме во победата, веруваме дека сите ветувања дадени од Благој ќе бидат исполнети. Затоа застануваме цврсто зад него. Веруваме дека се што е ветено од Премиерот на Македонија ќе биде исполнето. Убаво е навистина за овој град конечно да се случат промените да дојде вистинска власт, да се замени веќе една стара кримонегена структура која го држи целиот град во заложништво, рече Бошковски.

Според него овие Локални избори се референдум и, како што рече, борба за рушење на Груевизмот и враќање на демократијата. Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Бочварски се заблагодари на поддршката од Бошковски и на членовите на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори