Груевски од Прилеп: Ние зборуваме за проектите што сме ги реализирале, а СДСМ води политика на навреди, тензии и заплашување

Од:

Ние нашата сила и моќ ги добиваме од Македонија и народот на оваа земја, нашата сила произлегува од нашата љубов кон народот и нашата љубов кон оваа земја. Ние не сме едни од оние кои ги баараат гласовите на граѓаните, а сила и поддршка добиваат од друго место, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Прилеп.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ била партија на граѓаните и гаранција за силна Македонија и посочи на граѓаните дека знаат каква промена, раст и развој доживеа Македонија во последните години, како и дека знаат каде беше Македонија пред 11. година и пред 5 месеци.

– Ние зборуваме за работите кои сме ги направиле, за проектите кои сме ги реализирале. Работата и посветеноста се наша карактеристика, а СДСМ води политика на навреди, политика на креирање на тензии и заплашување, политика на многу афери, корупција, криминал, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека во 2006-та година во општина Прилеп имало 13.808 вработени лица, а денес бројката на вработени е качена на 26.838 лица. Во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ отворени се 13.000 нови работни места во овој град.

Груевски потсети дека се инвестирани повеќе од 160 милиони денари во реконструкција на локални патишта, дека е изградена нова автобуска станица, реконструирана железничката станица и за прв пат во Прилеп бил организиран јавен автобуски превоз.

Тој вети дека доколку градоначалникот Ристевски биде реизбран ќе продолжи со изградба на инфраструктурата во новите индустриски зони и дека ќе се донесат нови странски инвестиции. Најави изградба на нова и реконструкција на постоечката водоводна и канализациона мрежа.

– Ќе изградиме нов театар во Прилеп, прилепските актери и публика ќе добијат театарска зграда изградена и опремена според сите светски стандарди. Ќе отвориме 4 нови детски градинки и нов дневен центар за стари лица и дневен центар за деца и лица со пречи во развојот, рече Груевски и вети и набавка на нови 10 автобуси и електрични компиња за јавниот превоз во Прилеп.

Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Марјан Ристески изјави дека СДСМ го продава најсветото и најавуваат двојзаичност и промена на историјата.

– Во план им е да населат илијадници мигранти и бегалци од Сирија, Алжир, Авганистан и да ги вгнезат тука во најмирните и најубавите места за живеење. И најголемото демократско право на еден народ, да одлучува на референдум го скратија, рече Ристески и додаде дека локалните избори ќе бидат казна за сето она што СДСМ го прави и дека тоа ќе биде референдум.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он