Груевски од Крушево: Економијата оди надолу, штетните економски политики водат кон сериозни ризици и далекусежни поседици

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од вечерашниот предизборен митинг во Куршево ја најави т.н. нова ера која, како што рече, предвидува многу нови проекти и за жителите на оваа Општина.

Во обраќањето ги осуди економските политики на власта, нагласувајќи дека се штетни и водат кон, како што истакна, сериозни ризици и далекусежни последици.

– Економијата оди надолу. Многу сериозно истакнувам и така сакам да бидам сфатен, дека овие штетни економски политики водат кон сериозни ризици и далекусежни последици и затоа мора да запрат и тоа што побргу, истакна Груевски.

Според него, расходите за капитални инвестиции се преполовени, од 25 милиони евра во првите пет месеци од годинава, на 14 милиони евра. Тоа, рече Груевски, е најголемата причина за економскиот пад.

– Градежништвото паѓа и со него уште 25 индустриски гранки, извозот се намалува, исто така и индустриското производство, платите опаѓаат, бруто домашниот промет, жива странска инвестиција не доаѓа, а тие што се тука размислуваат да си заминат. Рекетот се врати по улиците, криминалот длабоко навлегува во секоја пора во општеството. Граѓаните не се сигурни, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За него, политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија.

– Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние зборуваме за тоа што ќе постигнеме. Ние зборуваме за тоа што ќе создадеме. Ние имаме проекти за Македонија. Ние имаме визија за Македонија. Ние имаме решенија за Македонија. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало, порача Груевски на вечерашниот митинг во Крушево.

Кандидатот за градоначалник на Крушево од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорги Дамчески рече дека економијата и младите остануваат негов приоритет.

– Вечерва ќе упатиме јасна и недвосмислена порака до сите, дека и во наредните четири години ќе продолжиме неуморно да работиме за просперитетно Крушево и дека секогаш цврсто ќе стоиме и никогаш нема да отстапиме од бедемот за одбрана на нашата татковина, Република Македонија, истакна Дамчески и се осврна на реализираните проекти.

Потсети и дека Крушево беше Град на културата во 2014 година, како и дека беа одржани повеќе од 100 културно уметнички збиднувања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски