Претпладне сончево, попладне зголемена облачност

Од:

Во Македонија претпладне ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а во вечерните часови со зголемената облачност во западните и северните делови ќе има локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време. Врнежите во текот на ноќта ќе бидат почести. Ќе дува умерен ветер кој кон крајот на денот ќе преминува во северен. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени.

Врнежите во сабота повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови, каде снежната покривка можно е да се спушти и под 1.500 метри надморска височина. Од недела утринските температури ќе бидат ниски, а дневните во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски