ДУИ: Посветени сме да создадеме подобра и побезбедна иднина

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети попладнево ги посети селата Слупчане, Отља и Липково, а вечерва присуствуваше на промотивниот митинг на кандидатите Еркан Арифи за градоначалник и на листата за советници на ДУИ за локалното собрание.

Во оваа прилика рече дека во текот на последните 15 години, ДУИ оставила длабоки траги меѓу Албанците од овој дел, кои до 2001 година беа заобиколени од надлежните на тоа време.

– Само за време на последниот мандат, инвестициите во оваа област изнесуваа 17 милиони евра – од изградбата на средното училиште со името на националниот херој „Исмет Јашари“, до асфалтирање и одредување на многу улици и улички, регионалниот пат што е во тек на изградба, канализација од Лојане до Накуштак, воспоставување врски со Косово, па дури и почеток на водоснабдување што се очекува да биде заокружен за време на следниот мандат. Само овој проект изнесува девет милиони евра, рече Ахмети.

Поранешниот градоначалник на Липково, актуелен министер за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и кандидатот за градоначалник Еркан Арифи и претседавачот на листата на кандидатите за советници, Лејла Исени, укажаа дека ДУИ излегува на овие избори со јасна програма на континуитетот да се унапреди оваа страна, да се намали невработеноста преку инвестиции, знаење и еманципација.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети говорејќи за понудата на ДУИ за локалните избори на 15-ти октомври, истакна дека тоа не е само кампања, туку обврска и посветеност да се создаде подобра и побезбедна иднина.

– Целата Демократска унија за интеграција со претставници во извршната власт, ќе биде зад Еркан Арифи и тимот на советници за продолжување на проектите во интерес на сите луѓе кои живеат во општина Липково, за зголемување на вредноста во образованието, здравството, за подобрување на инфраструктурата, потенцира Ахмети.

Во врска со дебатата околу Нацрт-законот за употреба на јазиците, лидерот на ДУИ објасни дека е расправата е прекината во Собранието на РМ. – Ние не сакавме да биде политизиран за време на кампањата, но нема отстапување од гласањето на албанскиот јазик, како официјален јазик во целосна употреба, на сите нивоа, рече тој.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ