Вентура: Очекувам добар натпревар во мојот град Торино

Од:

Фудбалската репрезентација на Италија утревечер е домаќин на Македонија во натпревар од 9.коло од Г групата. До крајот на квалификациите за СП 2018 Италија ќе одигра дома со Македонија и со Албанија на гости.

На денешниот прес пред дуелот со Македонија селекторот на „азурите“ Џампјеро Вентура истакна:

– Не е важен системот на игра, важна е желбата, мотивацијата. Играме добри квалификации, но немаме доволно бодови и знаете дека не сме на водечката позиција во групата. Потребни се победи во следните два натпревара за што е можно подобар противник во баражот. Да бидам искрен утре очекувам добар натпревар во мојот Торино. Тука секогаш добро се чувствувам и сакам да ги повикам сите навивачи да ни дадат поддршка.

Италија првпат по осум години ќе биде домаќин во Торино, а Вентура најголемите тренерски успеси ги постигна како тренер на Торино.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он