Бочварски и Тевдовски на средба со бизнисмени од малите и средни компании во Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Штип, Благој Бочварски и членот на Извршниот одбор на СДСМ и министер за финансии Драган Тевдовски доцна попладнево остварија средба со претставници на малите и средните претпријатија во Штип.

Според Тевдовски, многу е важно да се слушнат барањата на малите и на средните претпријатија, кои, како што рече, се важни за економскиот развој на државата.

– Тие долго време беа заборавени од државниот буџет. Ние тоа веќе го променивме и со Ребалност на буџетот за првпат има сериозна сума пари којашто е буџетирана за да им се даде поддршка на малите и средните претпријатија. Во овој период веќе се чувствува деловната бизнис заедница ослободена и не постојат политички притисоци, стеги и намерни казни. Исто така многу е важно дека повратот на ДДВ кон фирмите оди неселективно и е забрзан така што за периодот од јуни, јули и август исплатени се скоро две милјарди денари како поврат на ДДВ кон фирмите. Тоа значи и поголема ликвидност кај нив за да ги извршуваат своите тековни обврски, изјави Тевдовски.

Кандидатот за градоначалник Бочварски вети дека идната локална власт ќе дава подобри можности и услови за работа на бизнис заедницата во Штип.

– Во овој момент можам да кажам дека ќе изработиме планско урбанистичка документација за мали и средни претпријатија во нашите индустриски зони „Запад“, потоа на патот кон Радовиш и индустриската зона „Север“, истакна Бочварски, додавајќи дека ќе се нудат поволности за инвестирање со цел да се отвораат нови работни места и да се задржат младите во државата.

Би можело да ве интересира

Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни

МВР со детали за несреќата во Штип

Стабилна e состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект

Горан Наумовски

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ