Првиот светски рекет Рафаел Надал обезбеди пласман во четвртфиналето на АП турнирот во Пекинг, откако денес го победи Русинот Карен Качанов со 2-0.
Двата сета Шпанецот ги доби со по 6:3 во меч што траеше еден и пол час.
Надал во полуфиналето ќе игра со Американецот Џон Изнер, против кого ги победи претходните шест натпревари.
Турнирот од Серијата 500 во Пекинг се игра на бетон за награден фонд од три милиони долари.