ВМРО-ДПМНЕ: Владата на чело со Заев поддржува и продуцира криминал

Од:

„Владата на чело со Зоран Заев поддржува и продуцира криминал и беззаконие.

Генералниот секретар на владата молчи и не одговара до кога планира да го крши законот и зошто не поднесува оставка бидејќи е незаконски да се биде Генерален секретар на влада во исто време и претседател на Собрание на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра по одржана седница.

Рашковски спротивно на закон се само назначи на позиција во Телеком за 500 евра хонорар. Знаци Рашковски секој месец инкасира над 1.000 евра плата, и по 500 евра од одржана седница во Телеком

Законот е кристално јасен:

Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на владата да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

Со непотизам и оштетување на буџетот, Рашковски брутално без срам го крши законот на државата.

Рашковски молчи за кршење на законот. Молчи и за непотизмот кој го рашири низ институциите.

Неговата баба, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска беше претседател на Комисијата за жалби. Исто така неговиот кум, Дејан Костиќ беше ангажиран за адвокат на Генералниот секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба.

Дрвото на непотизам на Рашковски влечело илјадници евра од државата во приватни џебови и за тоа ќе одговараат.

Овие лица треба да ги вратат парите кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот. Одговорност за граѓанските пари мора да има.

Граѓаните ќе ја искористат шансата и на 15-ти октомври ќе ја казнат расипничката и неодговорната влада на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски