Сончево и топло, од утре попладне заладување

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, а во западните делови ќе дува умерен до засилен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со температурата од девет до 26 степени.

Во петок ќе биде претежно сончево и топло, а веќе кон крајот на денот се очекува значителна промена на времето кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени. На планините се очекуваат врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри надморска височина.

Од недела времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и благ пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски