Ласовска: Корупцијата и криминалот стануваат заштитен дел од работата на Владата

Од:

„Владата отворено не го почитува законот.

Корупцијата и криминалот стануваат заштитен дел од нејзината работа. Имаме случај на очигледно кршење на закон и владата на СДС мува не ја лази.

Додека имаат полна уста со зборови за тоа колку биле демократи во исто време не го спроведуваат и го кршат законот. Па така Драги Рашковски во исто време е Генерален секретар и претседател на Собранието на акционери на Телеком. Во исто време зема плата од над 1.000 евра од влада и по 500 евра од седница на собранието на Телеком.

Според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал.

Што тука не е јасно. Владата толерира и стимулира рушење и непочитување на законите. За сите важат законите само не за Рашковски.

Рашковски, Заев и цела влада на СДС молчат од срам за неморалното зачинето со огромна доза на непотизам однесување на Генералниот секретар.

Рашковски веднаш треба да ги врати парите на граѓаните кои ги испумпа од буџетот на Република Македонија.

Рашковски треба да биде разрешен веднаш од позицијата Генерален секретар на влада на Република Македонија“, изјави Благица Ласовска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски