Сончево со умерена облачност и слаб ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во источните делови умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10 степени, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од седум до 24 степени.

До петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд. Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата на воздухот. Во недела ќе се задржи ветровито и студено, претпладне со локален дожд. Од сабота попладне ќе има услови на повисоките планини врнежите да бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски