Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Германија со 32.000 швајцарски франци откако навивачите на натпреварот против Чешка извикуваа нацистички пароли.
Фудбалерите на Германија на почетокот на септември ја победија репрезентацијата на Чешка во Прага со 2:1 на натпревар од квалификациите за Светското првенство. Околу 200 германски навивачи извикуваа нацистички пароли, но и го навредуваа репрезентативецот на Германија, Тим Вернер, кој го постигна првиот гол,
ФИФА соопшти и дека е казнет Фудбалскиот сојуз на Чешка, кој мора да плати 5.000 франци.
Меѓународната фудбалска федерација казни и шест федерации поради хомофобични испади на навивачите на репрезентациите на тие држави.
Аргентина е казнета со 65.000 францим Панама со 50.000, а Унгарија со 20.000 швајцарски франци, Казнети се и Чиле – 35.000, Еквадор – 20.000, Бразил – 10.000 и Мексико – 10.000 франци.
Фудбалската федерација на Уругвај е казнета со 25.000 франци поради навредливото скандирање на навивачите за време на натпреварот против Аргентина.
ФИФА ги казни и фудбалските сојузи на Иран и на Украина, Иран е санкциониран поради инцидентот на натпреварот против Сирија, а Украина поради однесувањето на своите навивачи на натпреварот против Турција.