Груевски: Македонија може подобро, од 15. октомври започнува ера на напредок

Од:

После се што видовме во овие четири месеци, започнува новото движење што ќе ја донесе новата ера за Македонија, ера на просперитет, на напредок и на исполнети ветувања, на одговорност, ера која ќе ја предводи Коалицијата „За подобра Македонија“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Куманово, на кој беа промовирани кандидатот за градоначалник, Зоран Ѓорѓиевски, носителот на листата и кандидатите за советници.

Груевски, пред кумановци, рече дека Македонија може подобро и оти на 15 октомври очекува да се слави победа. Тој се осврна и на работата на сегашната власт, истакнувајќи дека „овие четири месеци има само помрачување“.

Тој наведе 13 примери за тоа, незаконско работење, демонстрација на сила, промени на ветувања, напади на опозиција, договори со соседи кои не и одат во прилог на Македонија, прогонувани медиуми, исплашена администрација.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека економијата последниве месеци тоне, намален е извозот, намалени бруто домашен производ за два проценти, намалено индустриско производство, намалени девизни резерви за 172 милиони евра, за 9,1 процент е намален прометот во индустријата, а додаде дека по долго време се намалила и просечната плата во Македонија.

– Од 15 октовмри ќе започне новата ера, со која ќе се обезбедат 150.000 работни места, намалување на невработеноста под десет проценти, намалување на сиромаштија за три четвртини, рече тој.

Груевски истакна дека „новата ера значи двојно намалена невработеност кај младите, преполовување на невработеноста кај младите и нивно помагање да додјат до сопствен дом, новата ера значи четири проценти раст на БДП годишно во просек во наредната декада“.

Новата ера, според лидерот на ВМРО ДПМНЕ значи пари за иновации, ниски даноци, вложување во екологија. Тој потсети на проектите реализирани во Куманово меѓу кои и намалена зголемена вработеност од 15.000 на 23.500 вработени, изградба на автопат Куманово Табановце, Миладиновци Куманово, реконструкција на болницата, набавена современа опрема.

Вети изградба на индустриска зона, реконструкција на повеќе локални патишта, канализација во селата Романовце, Клечовце, Ново Село, Љубодраг, Тромеѓа, во населбите Иво Тричковиќ и Ајдучка Чешма и на улицата „Козјачка“. Изградба тротоари во населбата Вера Которка и на улицата „Никола Тесла“. И изградба на водовод во селата Пчиња и Студена Бара, училишни спортски сали.

– Енормната загаденост во Куманово ќе ја намали со изградба на паркови во локалитетот Проевце мини паркови во Водовод, Гоце Делчев, реновирање и хортикултурно уредување на Соколански парк, градски парк, зелената површина на градскиот кеј, спомен костурницата, рече Груевски.

Рече дека посветено ќе се работи на водоснабдувањето во Куманово и алтернативни решенија за нови количини, вода, нови сообраќајни решенија, три градинки, 50 мини детски игралишта.

Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски вети дека еден од главните проекти е „Куманово без кал“, кој ќе се реализира во наредните четири години.

– Ќе ги поддржиме стопанствениците кои што 27 години го крепеа Куманово, со инфраструктурно доуредување на постојните диви индустриски зони, ќе изградиме рекреативен центар во Проевце студена вода, многу паркови и зелени површини, ќе го намалиме сообраќајниот метеж и урбаниот хаос во градот, ќе изградиме два јавни тоалета, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он