(ВИДЕО) Богдановиќ: Овие избори се референдум за конечно заминување на Груевски

Од:

На овие избори треба да ставиме крај на Груевски, треба да ставиме крај на човекот што ја уништи државата, го уништи Скопје, но најмногу од се го уништи Центар. Овие избори се референдум за негово конечно заминување во минатото, рече кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и колаицијата, Саша Богдановиќ.

Кандидатот за градоначалник вети нови 2.000 паркинг места, позелен и почист Центар, нова градинка во Маџир Маало, довршување на изградбата на новото најсовремено училиште во Капиштец, нова спотска сала на „КК Работнички“, современи улици и реновирани училишта.

Богдановиќ повика на победа во прв круг за да се запечати судбината на Никола Груевски и да не се дозволи повторно малтретирање со три круга гласање, како на минатите избори.

– Мобилизирајте го секој ваш сосед, секој ваш пријател, да дадеме поддршка за СДСМ и коалицијата, да дадеме поддршка на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, да дадеме подршка за поубав и достоинствен живот во општина Центар, за поубав и достоинствен живот во Град Скопје, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага