Примероци од Кодексот на новинарите на Македонија до сите медиуми регистрирани во АВМУ

Од:

Здружението на новинарите на Македонија испрати примероци од Кодексот на новинарите на Македонија до сите медиуми регистрирани во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

– Етичкиот кодекс на ЗНМ беше усвоен во 2001 година и за прв пат беше дистрибуиран до сите медиуми во земјата. Поради неодамнешните случувања и претстојните локални избори, се појави потребата од негово повторно преставување. Како и во останатите професии, така и во новинарството, етичките принципи се базираат на основните вредности на професијата и стандардите на кои се придржува секој еден професионалец. Со почитување на овие 17 принципи и етички вредности, новинарите преземаат одговорност за информациите кои ги пренесуваат, независно за кој медиум работат, се вели во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ смета дека на овој начин може да придонесе во борбата со лажните вести и медиумската пропаганда со промовирање на етичките стандарди при известувањето.

Кодексот на новинарите на Македонија е изработен на македонски, албански, турски, влашки, ромски и англиски јазик, а ќе биде доставен до сите медиуми соодветно на јазикот на кој работат, во рамките на проектот „Мрежа на новинари за медиумските слободи“, финансиран од страна на Европската Унија, информира ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје